СТАНДАРД life
МК Сцена

📽 Македонија организатор на Светското првенство во хип хоп 2024

Клубот „Брејк а Лег” следната година, од 8 до 17 октомври го организира Светското првенство во хип хоп и стрит денс шоу, што ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски” во Скопје.

Основачот на најуспешното студио за хип хоп и модерни танци во Македонија „Брејк а Лег” Трајче Петковски го потпиша договорот за организирање на светското првенство на прес-конференцијата на Светската танцова организација (ИДО) што се одржа во Полска, во присуство на претседателот на ИДО Д-р Велибор Срдич, организаторите Ана Биали и Валдемар Кречко.

Петковски истакна дека повеќе од 4500 натпреварувачи, од над 30 земји од 5 континенти ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп” и „стрит денс шоу” во повеќе возрасни категории.

„Светското првенство е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст за танц. Упатувам голема благодарност до Светската танцова организација која искрено го препозна нашиот долгогодишен труд, но и заложба за развивање на модерните танци во земјава. Горд сум што следната година ќе бидеме организатори на овој важен настан и ветувам дека ќе понудиме одлична програма која ќе го привлече вниманието на љубителите на танцот и на сите граѓани”, рече Петковски.

Во своето 15 годишно постоење, „Брејк а Лег” има освоено бројни награди на меѓународни натпревари. Во 2016 година, беа светски вице шампион, една година подоцна европски шампион и во периодот од 2010 до 2023, секоја година се финалисти на светското првенство.

Поврзани вести

Почина Бади Бекир, колегите се простуваат од познатата пејачка

Urednik

Француски филм на Неделата на франкофонски филм во Кинотека

Urednik

(ВИДЕО) Над две илјади луѓе пееја заедно со Сале Певац

Urednik