СТАНДАРД life
МК Сцена

Интервју со Ивона Јо: Не планирам никаде да одам додека не ја извадам од мене музиката што ја носам

Ивона после две години од операцијата, кои се можеби едни од најубавите години поминати во сопственото тело, има друг mindset, друг пристап до нештата, задоволна, исполнета го работи тоа што го сака. Професионално, го работам тоа што го сакам и не планирам никаде да одам дур не ја извадам од мене музиката што ја носам. А бидејќи музиката е непресушен извор- ќе слушате многу музика од мене, вели во интервју за Стандард лајф Ивона Јовановиќ, позната на регионалната музичка сцена како Ивона Јо.

Според пејачката, секој кој има жарче скриено музика во себе, сакал или нејќел, порано или подоцна ќе го насели и опфати ураганот наречен уметност или музика.

-Така што од тоа нема бегање. Само би порачала истрајност, верување, енергетско вложување, присутност и за жал игнорирање на реченицата дека во Македонија не може да се направи нешто. Да тешко е, но не е невозможно, истакнува таа.

За тоа дали има многу дискриминација на музичката сцена Ивона истакна дека ведностите на младината денес се изменети и тоа што вреднуваат, можеби на постарите генерации им изгледа чудно.

– Но не судам. Секој има право да го работи она што го сака. И ако тоа му носи среќа и љубов, нема зошто никој на планетава земја да го суди тоа. Одлучност и истрајност ни треба на нас артистите кои решиле кариерата да ја прават задржувајќи фокус на пеењето и создавањето на според нас квалитетна музика, порача Ивона Јо во интервјуто за „Стандард лајф“.

Од каде ја доби желбата за музиката? Која е твојата мотивација?

-Мојата желба за музиката датира од времето кога на нашата телевизија А1 почнаа да ги прикажуваат тинејџерските серии „Casi Angeles“ и „Rebelde Way- Млади бунтовници“. Имаше многу музика во сериите освен што имаше драми. Вториот жар е почнат од таму. Првиот го носам во себе од раѓање. Што се однесува до моите почетоци, слушање на музика и инспирација морам да ја споменам тука мајка ми. Која имаше огромно влијание врз моите избори на почеток. Калиопи, Маја Оџаклиевска, Јелена Томашевиќ и Марија Шерифовиќ. Тоа беа музите од моето детство- а и до ден денес.

Како од денешна перспектива гледаш на учеството во „Ѕвезде гранда“?

-Огромно искуство без кое не би можела ден денес вака да функционирам. Уште на мала возраст фрлена во огин да се снаоѓа со тој свет, кој е крут, немилосрден и нема извинувања што ти имаш само 18 години. Искуство кое ме научи како се бори за сопственото место таму некаде подалеку од својот дом. Но и искуство кое ме научи кога треба да е доста.

Има ли многу дискриминација на музичката сцена, дали повеќе се ценат „куклите“ кои не знаат да пеат, отколку уметниците со вистински гласовни можности?

-Не гледам на ова прашање на начин како што е поставено. Секој артист си има своја избрана публика. Секоја публика знае што сака и одлучува кој, каде и како ќе го посети на својот настап. Вредностите на младината денес се изменија. Тоа што вреднуваат можеби на нас постарите генерации ни звучи, изгледа чудно. Но не судам. Секој има право да го работи она што го сака. И ако тоа му носи среќа и љубов, нема зошто никој на планетава земја да го суди тоа. Одлучност и истрајност ни треба на нас артистите кои решиле кариерата да ја прават задржувајќи фокус на пеењето и создавањето на според нас квалитетна музика. Но тоа не дава за право да негирам дека постојат артисти кои имаат друг пристап кон музиката и кон начинот на кој комуницираат со публиката.

Ако го собереш целото свое искуство од настапите на Идол, Макфест, Ѕвезде Гранда … што би им порачала на младите артисти кои сакаат да тргнат по тој пат? Што тебе те научи и дали вреди?

-Дали вреди? Секој кој има жарче скриено музика во себе, сакал или нејќел, порано или подоцна ќе го насели и опфати ураганот наречен уметност или музика. Така што од тоа нема бегање. Само би порачала истрајност, верување, енергетско вложување, присутност и за жал игнорирање на реченицата дека во Македонија не може да се направи нешто. Да тешко е, но не е невозможно.

Како се чувствува сега трансформираната Ивона по операцијата? Колку работите се поинакви за тебе – на личен и професионален план?

-Друг mindset, друг пристап до нештата, задоволна, исполнета го работи тоа што го сака. Така би ја опишала Ивона сега. Ивона после две години од операцијата, кои се можеби едни од најубавите години поминати во сопственото тело. Професионално, го работам тоа што го сакам и не планирам никаде да одам дур не ја извадам од мене музиката што ја носам. А бидејќи музиката е непресушен извор- ќе слушате многу музика од мене.

Дали би градела кариера во Македонија, има ли тука простор за такво нешто?

-Секако дека градам кариера во Македонија. Тука сум на овој свет донесена со причина. Како мала често знаев да фантазирам дека сум родена во некоја друга земја, па колку ќе ми е подобро и слично. Денес на мои 27 години знам дека со причина сум тука. На ова парче земја. Дојдена да пренесам нешто мое. Простор за кариера за музичките артисти во Македонија секогаш има. За сите има место а и публика која со нетрпиение чека да твориме.

На што работиш во моментов? Дали размислуваш за твој личен проект?

-Годинава во мај 2023 ја објавив својата прва песна во новиот живот со наслов „Bukvalno“. Во декември најавувам објавување на својата прва македонска песна во нов живот со наслов „Друго“.

Во пресрет сме на Новата 2024 година, дали Ивона ќе ја дочека на работа и што е тоа што си го посакуваш себеси идната година да ти се исполни?

-Да секако, работно со микрофон со музика која треба да се даде на крај од успешната 2023 и почеток на 2024. Би си посакала истрајност како и до сега, малку повеќе верба дека може се што ќе замислам да биде тука и здравје во изобилство.

Р.Т.

Поврзани вести

Џон Њуман и Бурак Јетер пристигнуваат на „ЕГЗИТ“ во Струмица

Urednik

Skopje Tattoo Show ќе го обои градот со уметност, култура и креативност

Urednik

Интервју со Јована Аврамовска: „Што го врти светот“ е за публика која сака да гледа напред, да создава и да учи

Urednik