Актерот Бред Пит имаше можност да соработува со некои од најголемите ѕвезди во Холивуд.
Кога зборуваше за својата кариера и актерските идоли во 1996 година, истакна дека познава многу малку актери на кои може да им се обрати.
„Затоа ги ценам постарите филмови, бидејќи прикажуваат човек кој се залага за своите принципи. Земете го на пример Роберт Редфорд. Мажите сакаа да бидат како него, а жените сонуваа мажите да бидат како него“, рекол тогаш тој.
Навел и дека изгледот не го смета за пресуден за ништо.
„Изгледот е првиот впечаток, но не се концентрираме само на него. Некој не ви фаќа око веднаш, но кога зборувате стануваат најубави на светот“, рекол актерот.
Потоа изјави и дека омилена актерка му е Дајана Вист.
View this post on Instagram
„Најголемите актери не се оние кои би ги нарекле убави. Ќе ви кажам која е мојата омилена актерка – Дајана Вист. Не би ја нарекле секс симбол, но за мене таа е најубавата жена на екранот“, искрено изјавил Бред Пит.
Дајана Вист е добитничка на два Оскара, за улогите во филмовите „Куршуми над Бродвеј“ и „Хана и нејзините сестри“.