СТАНДАРД life
Шоубиз

Де Ниро го загуби случајот, треба да и плати на поранешната помошничка повеќе од милион долари

Компанијата на познатиот актер Роберт Де Ниро ќе мора да ѝ плати на поранешна вработена 1,2 милиони долари поради обвинувања дека ја навредувал затоа што е жена и ја понижувал.

Греам Чејс Робинсон го тужеше актерот откако таа ја напушти работата во „Канал продукција“, а потоа поднесе тужба, тврдејќи дека била малтретирана, понижувана, недоволно платена и третирана од Де Ниро како негова „канцелариска сопруга“.

Таа барала отштета од дури 12 милиони долари.

Актерот и компанијата поднеа контра тужба. Двократниот оскаровец возврати со тужба против Робинс, негова долгогодишна извршна асистентка.

Тој ја обвини за злоупотреба на средствата на компанијата и гледање ТВ емисии во работно време.

Но поротата и судот пресудија во корист на Греам Чејс Робинсон која беше на платен список на Де Ниро цели 11 години.

Де Ниро не бил во судницата кога била донесена пресудата, а Робинскон ја дочекала конечната одлука пресреќна прегрнувајќи се со адвокатите.

Поврзани вести

Метју Пери повторно ги шокираше фановите со својот изглед

Urednik

Филмот се уште не е ни излезен, а Бред Пит веќе доживеа огромно фијаско

Urednik

Започнува судењето на Шакира

Radmila Tasevska