СТАНДАРД life
Здравје

Ризик од зарази: Дали да престанеме да јадеме зелена салата и спанаќ?

Топла чорба со кељ или спанаќ, измешана со друг зеленчук или парчиња месо, ќе ни го даде вистинскиот „удар“ со витамини, влакна и други хранливи материи кои ги обновуваат клетките. Сепак, често слушаме дека зелениот лиснат зеленчук се повлекува од продавниците поради контаминација, па многу луѓе се прашуваат – дали треба да го јадеме со претпазливост?

Истражувањето спроведено во Калифорнија во текот на 20 години покажа дека тој е навистина зеленчук кој најчесто може да предизвика болести бидејќи е склон на контаминација од бактеријата E. Coli.

„Ако погледнете како расте зелената салата, ќе забележите дека формира инка. Листовите се нерамни и брановидни. Некои од овие микроби може да се закачат и да се залепат на листовите“, вели Мишел Џеј-Расел, микробиолог од Универзитетот во Калифорнија, додавајќи дека спанаќот, на пример, е ризичен бидејќи листовите се блиску до земјата.

Една од причините зошто зелената салата, бебешкиот спанаќ и другите слични видови зелен зеленчук се поопасни од другите е фактот што ги јадеме сирови. Сепак, поголемиот број на пациенти доаѓа и затоа што е еден од најпопуларните зеленчуци.

Дали треба да се откажеме од зелен лиснат зеленчук?

Дали зголемениот ризик од бактериска инфекција значи дека треба да избегнуваме зеленило? Воопшто не, велат експертите.

Сепак, она што мораме да го направиме е темелно да го измиеме секој лист, особено ако станува збор за зеленчук што ќе го јадеме сиров, и да престанеме да се потпираме на пакувањата на кои пишува „претходно измиен“.

„Кога се миете, користете само вода и погрижете се мијалникот да ви е чист. Имено, доколку не се одржува правилно, мијалникот станува вистинско легло за бактерии кои ги пренесувате во вашиот зелен зеленчук! Така, да, можете да продолжите да уживате во зеленчукот во вашата чинија ако претходно правилно ги измиете“, истакнува Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Кој зелен лиснат зеленчук е најздрав?

На нашето тело му требаат различни хранливи материи и витамини за да функционира правилно. Со само една порција кељ, просечна возрасна жена може да добие половина од препорачаниот дневен внес на витамин А, речиси една третина од препорачаниот дневен внес на витамин Ц и речиси целиот препорачан витамин К (помага во градењето здраво скелетно ткиво).

„Зелениот лиснат зеленчук е буквално ризница на хранливи материи и не смееме да се откажеме од нив“, вели Деби Фетер, нутриционист од Универзитетот во Калифорнија.

Салатите, кељот, блитвата, спанаќот и слично спаѓаат во оваа широка категорија на зеленчук, и иако сите овие намирници се здрави, се разликуваат по количината на витамини и минерали што ги содржат. На пример, една порција зелена салата може да ја победи истата порција кељ за витамин А, но е многу пониска во нивоата на витамин Ц и К.

Препорачливо е да јадете зеленчук што го сакате бидејќи секој од нив ќе ве збогати со хранливи материи, а доколку знаете дека имате недостаток на одреден витамин консултирајте се со експерт кој ќе ви ја прилагоди исхраната, заклучуваат експертите.

Поврзани вести

Срцето може да се скрши: 3 медицински објаснувања за состојби по раскинување на емотивната врска

Urednik

Што кажува урината за нашето здравје и кога е потребно да побараме лекарска помош?

Urednik

Кога е идеално време за ручек?

Urednik