СТАНДАРД life
Храна

Мимоза салата за посен оброк

Многу „славски“ денови пред нас „паѓаат“ во посни денови.

Сепак, тоа не значи дека треба да се откажете од некои омилени рецепти од празничната трпеза, како што е мимоза салатата.

Денеска ви претставуваме „посна верзија“ од ова фантастично мезе.

Состојки:

* Салата од мимоза за посен оброк1 кг компири
* слатка пиперка (по избор)
* 1 кг моркови
* 1 тегла кисели краставички
* 1 кг посен мајонез
* сол и бибер по вкус
* димена риба (по избор)
* посен кашкавал
* по желба сусам

Подготовка:

Сварете ги компирите, задолжително со една лажица сол.

Одделно сварете го излупениот морков.

Во стаклен сад изрендајте еден ред компири, а потоа посолете и побиберете по вкус. Ако сакате, можете да додадете и сладок сув пипер.

Ако сакате мимоза салата со чадена риба, сега е време да исечете ред риба и да ја ставите над првиот ред компири.

Намачкајте еден слој посен мајонез.

Потоа изрендајте еден слој моркови и повторно посолете и побиберете.

Намачкајте уште еднаш слој мајонез.

Изрендајте ги и измешајте ги останатите компири и моркови како нов слој, па повторно посолете и побиберете.

Покријте со уште еден слој мајонез.

Следниот слој е рендани кисели краставички, околу половина килограм и малку „повеќе“.

Ставете уште еднаш слој мајонез и декорирајте со слој рендано посен кашкавал. Декорирајте по желба

Оставете ја салатата да отстои во фрижидер околу осум часа пред да ја послужите.

На здравје!

Идеја за посен оброк: Полнети печурки со растителен кашкавал и сардини

Поврзани вести

Рецепт за посен крем од лешник: Засладете се на вистински начин

Urednik

РЕЦЕПТ: Алмондини – колачиња кои имаат незаборавен вкус!

Urednik

Рецепт за таљатели со вргањ

Urednik