СТАНДАРД life
Храна

Идеја за посен оброк: Полнети печурки со растителен кашкавал и сардини

Искористете ја сезоната на печурки и подгответе едноставен рецепт за полнети печурки со растопен растителен кашкавал и сардина.

Со салата и парче домашен леб ќе имате брза и лесна посна вечера без врева или прилог со ручек.

Вака подготвените печурки се идеални и за послужување како посно мезе.

Состојки:

* 800 гр печурки
* 2 лименки сардини
* 1 црвена, печена пиперка
* 100 гр растителен кашкавал
* 1 лимон
грст презла за посипување
* лажица масло
* магдонос за декорација

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени.

Внимателно избришете ги печурките и отстранете ја целата нечистотија од нив, па свртете ги наопаку и извадете ги стеблата. Тавата за печење подмачкајте ја со масло и наредете ги капачињата од печурките со горната страна надолу.

Сардините убаво изблендирајте ги во блендер. Обавезно ставете го маслото од конзервата.

На рибата додадете ситно сечкана пиперка и сечкани стебла од печурки.

Исцедете го сокот од еден лимон, а потоа додадете сол и бибер по вкус.

Наполнете го секое капаче од печурки со подготвената смеса.

Намалете ја температурата на рерната на 180 степени и печете ги печурките околу 15 минути.

Извадете ги и изрендајте го растителниот кашкавал и задолжително посипете една рака презла. Вратете ги печурките во рерна и печете уште малку додека кашкавалот не се растопи и презлата не порумени.

Посипете ги со ситно сечкан свеж магдонос и послужете ги со крцкав леб и зелена салата.

Пријатно!

Поврзани вести

Најевтиниот колач достоен и за најсвечените трпези

Radmila Tasevska

Домашни варени ѓевречиња

Radmila Tasevska

Старински рецепт за совршени тулумби

Urednik