СТАНДАРД life
Шоубиз

📷Том, што е ова? Познатиот актер целосно го промени имиџот!

Холивудскиот актер Том Круз (61) ги изненади своите обожаватели менувајќи го имиџот.

Сега актерот има повеќе коса, малку локни и посветли прамени. Во новото издание папараците го уловија во Лондон, откако пристигна со приватен авион и пред да се качи во хеликоптерот.

– Сакам да го плетем – се пошегува еден фан на социјалните мрежи.

Додека на некои обожаватели им се допадна промената на имиџот на Том, некои веднаш почнаа да се шегуваат на сметка на актерот.

– Волонтирам за шишање – напиша фан на X.

Да потсетиме, штрајкот во Холивуд го прекина снимањето на „Невозможна мисија 8“ на Круз. Штрајкот заврши минатата недела, а неговото пристигнување во Лондон веројатно значи дека снимањето продолжува.

Филмот би требало да се појави на големите екрани во мај 2025 година.

Поврзани вести

На 51 година позираше топлес и ги сруши мрежите: Речиси целосно гола, градите во прв план, а ова на сите им падна во очи!

Radmila Tasevska

Адел по осум години во Европа: Препродавачи продаваат билети за неверојатни суми

Radmila Tasevska

Тејлор Свифт го откажа концертот во Рио по смртта на една обожавателка

Radmila Tasevska