СТАНДАРД life
Балкан микс

📷„Секој ден ме прават горд татко“: Кои се трите ќерки на Ацо Пејовиќ?

Популарниот српски пејач Ацо Пејовиќ и неговата сопруга Билјана имаат три ќерки – Ива, Марија и Магдалена.

Ива е најмладата и неодамна наполни 18 години. Сето тоа таа го одбележа со голема забава, на која, како што вели жаргонот, се појави „пола естрада“, но и многу други личности од српската јавна сцена.

Ива, според годините, моментално е во средно училиште, но судејќи по постарите сестри, голема е веројатноста дека ќе го продолжи образованието на некој од факултетите.

Постарите сестри на Ива веќе завршија факултет. Најстарата Магдалена дипломирала на Факултетот за организациски науки во Белград, а после тоа магистерски завршила во Шпанија.

Средната ќерка на Ацо и Билјана е Марија Пејовиќ. И таа го направи тато горд, бидејќи дипломирала медицина со највисоки оценки.

Но, тоа не е се. Како што пишуваат тамошните медиуми, убавата и паметна Марија работи на клиника за естетска медицина, а неодамна откри дека обуката ќе ја продолжи на Воено-медицинската академија во Белград.

Познатиот пејач не крие дека тој и неговата сопруга Билјана се многу горди на трите миленички.

– Сите три секој ден ме прават горд татко. Јас и Билјана сме му благодарни на Бога за луѓето во кои се претворија нашите ќерки. Морам да признаам дека завршивме одлична работа како родители – изјави еднаш Ацо Пејовиќ.

Поврзани вести

(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗЕН ТРИЛЕР НА НЕБОЈША ГЛОГОВАЦ Филм снимен во 2015 година, никој не го гледал!

Urednik

Се омажи Анастасија Ражнатовиќ

Radmila Tasevska

За легендарната Тереза ​​Кесовија годините се само бројка: Таа ја откри тајната на нејзиниот добар изглед…

Urednik