СТАНДАРД life
Балкан микс

📸Александра Пријовиќ покажа голем труднички стомак

Александра Пријовиќ ги изненади своите обожаватели со нова објава на социјалните мрежи.

Српската пејачка ретко објавува на Инстаграм, а сега објави фотографија на која позира во цветен фустан, истакнувајќи го својот голем труднички стомак.

Заедно со објавата, таа стави песочен часовник што го симболизира одбројувањето до породувањето.

Александра и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ очекуваат девојче, а парот од претходно го има и синот Александар, кој неколку пати се појавуваше со мајка си на сцената.

Српските медиуми претходно пишуваа дека пејачката ќе ја помине бременоста во Мајами.

Во јануари беше објавено дека Александра е бремена, по што таа најави пауза во кариерата. Претходно, таа истакна дека сака да го прошири своето семејство, а нејзина голема желба е да има ќерка.

„Најважно за мене е моето семејство секогаш да биде добро. Би сакала, ако не следната година, бидејќи сега работиме многу, да имам ќерка“, рече Александра во едно интервју.

Поврзани вести

Теодора Џехверовиќ позира во провокативна долна облека

Radmila Tasevska

Бајага откако му беа откажани концертите во Хрватска: Ниту се обидов да разберам, ниту можам да разберам

Urednik

Ана Руцнер го промени својот изглед – Таа веќе не е црна, погледнете како изгледа сега

Radmila Tasevska