СТАНДАРД life
Стил

📷Нина Бадриќ го има совршениот фустан за новогодишната прослава

Пејачката Нина Бадриќ деновиве настапи во Белград, а за својот настап избра фустан кој и одговара на фигурата и ги става нејзините нозе во преден план.

Како и за сите нејзини настапи, Бадриќ за приватен настан, кој се одржа деновиве во Белград, ја одбра комбинацијата што најмногу и прилега.

Таа на својот Инстаграм профил ги воодушеви сите со фотографии направени пред настапот, а во очи веднаш падна мини бел фустан со долги ракави, кој и ги донесе нозете во прв план.

Интересниот фустан украсен со пердуви и светки, во кој навистина треба да внимавате како седите и чекорите, бидејќи е ултра краток, има и посебен детал кој се крие на задната страна. Тоа е пристојно деколте кое дава доза на сексипилност.

Овој модел на фустан е идеален за новогодишната ноќ и е наменет за оние дами кои не сакаат да останат незабележани, но сакаат пристојно да ги истакнат грбот и нозете.

Поврзани вести

(ГАЛЕРИЈА) Нов почеток за познатиот бренд: „Victoria’s Secret“ собира легендарни ангели

Urednik

📷Памела Андерсон: Никогаш не е доцна да го промените стилот

Urednik

📸Ниту ниските температури не ја натераа познатата бринета да го сокрие својот фантастичен фустан со капут

Urednik