СТАНДАРД life
Храна

Брускети со печурки и моцарела: Италијанска класика

Рецептот за ова одлично мезе ќе ви послужи како идеја за брза подготовка на вашиот неделен појадок.

Состојки:

* багет
* 150 гр печурки
* 200 гр моцарела
* маслиново масло
* чешне лук
* сол
* бибер

Подготовка:

Исечете го багетот на парчиња. Секое парче леб истријте го со лук, а потоа посипете со маслиново масло.

Кратко потпечете ги парчињата леб во рерна.

На маслиново масло испржете ги печурките исечени на листови. На секое парче леб ставете по две кришки моцарела и малку пржени печурки.

Зачинете со сол и бибер.

Брускетите печете ги на 200 степени додека да се растопи кашкавалот.

На здравје!

Поврзани вести

Сочен куглоф со портокал ќе биде вашиот омилен десерт овој Божиќ

Urednik

Елка од тесто се јаде веднаш: Кујната нека стане вашето креативно катче во домот

Urednik

🎥Сосот на Џејми Оливер е гаранција за сочно и неодоливо вкусно печење

Urednik