20.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
Храна

ТОПЧИЊА СО СУСАМ: Идеални се за празници, мезе кое ги освојува сите

Совршени се за предјадење, а се прават за брзо:

Состојки:

* 500 гр ситно кравјо сирење (не смее да биде тенко и водено)
* 100 гр пржен сусам
* 1 чешне лук
* сол

Подготовка:

Сирењето убаво здробете го, додадете 50 грама сусам, ситно сечканиот лук и сол (по желба можете да додадете и малку ситно сечкана шунка).

Со раце се прават топчиња, се валкаат во остатокот од пржениот сусам и се оставаат да се стврднат на ладно место.

Топчињата можете да ги „валкате“ и во ситно рендано сирење.

На здравје!

Поврзани вести

Меки и сочни шницли од рерна

Urednik

Сакате ли „смеш“ бургер? Еве како да го подготвите…

Urednik

📽Хељда со праз и печурки: Најздравото посно јадење

Urednik