Горушица е симптом на болест во дигестивниот систем или несоодветна исхрана, која е придружена со непријатно чувство на печење и болка зад градната коска.
За среќа, има олеснување и за неа, а тоа доаѓа во форма на овие намирници.
1. Чај од ѓумбир
Исчистената и исечкана грутка ѓумбир (со големина на палецот) сварете ја во вода, оставете ја да отстои десет минути, па испијте ја. Овој напиток е ефикасен против разни видови воспаленија, а ќе ја смири и киселината.
2. Банани
Ако чувствувате симптоми на горушица, јадете банана. Ова тропско овошје содржи минимални количини киселини, па затоа го штити и смирува иритираниот стомак.
3. Бадемово млеко
Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага да се неутрализираат киселините во желудникот.
Направете смути со бадемово млеко, во кое задолжително додадете јагоди, банани и спанаќ.
4. Овесни снегулки
Вознемирениот стомак сака храна богата со диетални влакна како овесната каша. Наутро започнете со сад со снегулки кои ќе ви дадат енергија за денот и ќе ја изгаснат евентуалната болка.
5. Резене
Во топла вода ставете две лажици семе од анасон. Оставете да отстои половина час, зачинете со мед и испијте. Повеќе нема да знаете за горушица, пишува Pun kufer.
6. Кефир и алое вера
Помешајте лажица сок од алое вера со кефир и изедете ја за појадок. Ова е одлична комбинација која го смирува дигестивниот систем, а воедно е и доста вкусна.
7. Зелен лиснат зеленчук
Тешко е да погрешите со зеленчукот. Јадете колку што е можно повеќе зелен лиснат зеленчук, како што се брокула, аспарагус, целер и карфиол, кои имаат малку киселина и се добри во борбата против киселината.