СТАНДАРД life
Балкан микс

🎥Теа Таировиќ отпеа хит на Оливер Драгојевиќ, многумина се згрозени

Српската пејачка Теа Таировиќ пееше за дочекот на Новата 2024 година на загрепскиот саем во Павилјон 7.

Таа на крајот на вечерта реши да отпее хит од покојниот Оливер Драгојевиќ, а фановите не беа воодушевени од настапот.

Пејачката пред песната се заблагодари на публиката што избрала да ја дочека Новата година со неа и ја најави песната велејќи дека и е една од омилените.

„Најголемиот, еден од најголемите, во нашиот регион. За жал, тој не е со нас. Бог го зема најдоброто, нели? Но, остануваат песните да се пеат, одиме“, рече Теа и ја отпеа песната „Цесарица“.

Видеото стана популарно на социјалните мрежи, но се прошири со молскавична брзина поради негативните коментари што ги доби.

„О, мајко, полоша изведба не сум слушнала“, „Ја уништи песната, ова не се слуша“, „Страшно“, „Не погоди ниту една нота“, напишаа некои.

Како звучеше Теа, проценете сами:

@samosmijeh18 #oliverdragojevic #cesarica #hit #samosmijeh18 #samosmijeh ♬ original sound – samo osmijeh

Поврзани вести

С.А.Р.С. за прв пат настапува во Лондон

Urednik

Тика Станиќ: Пиев уште од рано детство, дневно и до 2 литри жестоко

Urednik

📷Девојката на Милош Биковиќ одбројува до породувањето

Urednik