СТАНДАРД life
Балкан микс

И покрај забраните, Аца Лукас одржа концерт во Хрватска: „Одам таму каде што луѓето ме сакаат“

Откако здруженијата на ветераните во Хрватска неодамна се побунија и побараа откажување на концертите на Јелена Карлеуша и Аца Лукас на островот Барбаринац кај Сплит, организаторите го откажаа настапот на српскиот пејач, но кога станува збор за Аца Лукас, епилогот од приказната беше поинаков.

Имено, Аца Лукас сепак го одржа својот концерт минатата среда и покрај сите забрани на здруженијата на бранители.

„Беше феноменално. Се помина без проблеми, а публиката ме прими одлично, како и секаде каде што сум настапувал досега, и во Хрватска и во регионот. Доживеав прекрасно гостопримство, се чувствував навистина добро. Одам таму каде што луѓето ме сакаат и викаат, а тоа го почувствував таа вечер на Барбаринац“, изјави пејачот за „Слободна Далмација“ и продолжи:

„Отидов да пеам без страв. Ги почитувам сите кои имаат различни ставови, вклучително и здруженијата на ветерани. Имам целосна почит кон сите здруженија на бранители во Хрватска, немам непријателство кон нив. Дали и јас мислам исто како нив? Не е мое да давам такви изјави. Јас сум првенствено пејач кој шири љубов и пријателство со мојата музика“.

Поврзани вести

„Се срамев“: Сандра Африка откри како го добила прекарот

Radmila Tasevska

Кога ќе го дознаете вистинското занимање на Здравко Чолиќ, ќе се зачудите

Urednik

Данијела Мартиновиќ објави емотивно ВИДЕО од Македонија со посебна личност и ги трогна нејзините следбеници

Urednik