СТАНДАРД life
Шоубиз

📷Сите се согласуваат дека ова е најпредизвикувачкиот изглед на Хали Бери: Дали навистина така излегла?

Во 2008 година Хали Бери беше прогласена за најсекси жена на светот, а 15 години подоцна сите се согласуваат дека таа и понатаму изгледа исто толку секси. Го запали интернетот со новогодишната честитка, а коментарите се вистински „бустери на егото“!

57-годишната актерка најпрво се прости од 2023 година со видео во кое вгради кратки клипови од патувања, гламурозни настани и впечатливи семејни моменти со опис: „Приказната станува подобра, подготвена за поглавјето „24“.

А потоа објави нова фотографија и покажа дека е сериозна!

Во заводлива дива поза влезе во лифт, облечена во црно боди од тантела и предимензионирана златна јакна и го запали Инстаграм! Изгледот го спои со црни потпетици со отворени платформи и ѓердан, а реакциите на нејзината заедница на следбеници покажуваат дека актерката се уште е „жешка“!

„Ако вака ја започнеме 2024 година, ќе биде пеколна година“, напиша водителот на Entertainment Tonight, Кевин Фрејзиер, а таа доби комплименти од многу следбеници кои се согласија дека популарната актерка изгледа неверојатно.

Хали Бери за стареењето: „Го оспорувам сето она што мислев дека го знам за менопаузата“

Поврзани вести

Би-би-си повторно направи скандал: Мораа да ѝ се извинат на принцезата Кејт Мидлтон

Urednik

Објавени се цените на билетите за концертот на Ед Ширан во Загреб

Radmila Tasevska

Кетрин Зета-Џонс во костим за капење импресионира со нејзината исончана кожа и згодното тело

Urednik