СТАНДАРД life
Стил

📷Не се грижи што мислат другите: Никол Кидман во фустан за кој е потребна храброст

Никол Кидман неодамна во едно интервју изјави дека воопшто не и е грижа што мислат другите за нејзиниот моден избор. А на премиерата на нејзината нова Amazon Prime Video серија, „Expats“ во Њујорк, таа секако привлече внимание.

Холивудската ѕвезда се осмели да се разголи на студеното време, покажувајќи ја својата неверојатна фигура во прекрасен црн фустан без грб. Познатата 56-годишна актерка го покажа својот беспрекорно затегнат грб и стомачни мускули во смелиот дизајн, со структуриран фустан со крој како елече во предниот дел и од страните и шлиц на долгото здолниште.

Никол Кидман
Никол Кидман

Смелиот дизајн на фустанот Никол не го засени со додатоци, всушност се задржа на минимализмот и едноставноста со изборот на едноставни дијамантски обетки, соодветна дијамантска нараквица и прстен и часовник.

Стајлингот го заокружи со класични и елегантни црни салонки.

Поврзани вести

📷Нина Бадриќ го има совршениот фустан за новогодишната прослава

Urednik

Славна стилистка открива кои четири „must have“ комбинации никогаш нема да излезат од мода

Urednik

Не прават витки и послаби: Заводливата русокоса во хит фармерки

Urednik