19.8 C
Скопје
16 септември, 2024
СТАНДАРД life
МК СценаФитнес

Три успешни години за спортскиот центар „Премиум“

Premium Physical Therapy & Sport Center е најсовремениот центар од ваков тип во земјата и регионот, кој нуди уникатен модел на интегрирана грижа за здрав живот. На вкупен простор од над 1000 квадратни метри во рамки на центарот функционираат современи ординации и апарати за физикална терапија, ординација за спортска медицина, сала за групни тренинзи, фитнес-сала за спортска рехабилитација и корективни вежби со најмодерни справи, нутриционистичко советувалиште, парна бања, финска сауна и две ВИП соби за масажа. Во изминативе 3 години, „Премиум-центарот“ успеа да остане препознатлив по својот уникатен концепт на работа. Повеќе од 400 активни членови од самиот почеток до денес се доказ за довербата во спортскиот центар „Премиум“, а нивното задоволство е потврда дека ваквиот пристап на работа дава одлични резултати.

ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И МЕДИЦИНСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Главна предност е спојувањето на третманот на пациенти кои по спроведување на физикален третман имаат можност да продолжат со медицинска рехабилитација во фитнес-центарот со стручни фитнес-тренери, а воедно да бидат под мониторинг на физиотерапевт и физијатар. „Кoмплетната грижа за физичкото здравје и индивидуалниот пристап кон секој клиент го издвојуваат ’Премиум’ центарот како единствен. Современиот динамичен начин на живот ја наметнува потребата од сериозен и професионален медицински пристап кој го опфаќа здравјето преку физикални прегледи на мускулоскелтниот систем и соодветни анализи, од почетната точка и следење се до постигнување на посакуваната цел. Создадовме тим од врвни професионалци кои систематично го следат и водат развојот на секој пациент и клиент, подобрувајќи го нивното физичко здравје и квалитетот на живот. Ја добивме довербата за грижа на повеќе професионални спортски репрезентации, што говори за нашиот успех“, вели д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ, физијатар.

ЈОГА ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ

Во рамки на спортскиот центар „Премиум“ се изведуваат и часови по јога за бремени жени. Часовите се достапни за сите заинтересирани идни мајки, а пациентките што имаат авансна уплата за пакетот за породување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ имаат можност бесплатно да учествуваат на јога-часовите.

ГРУПНИ ТРЕНИНЗИ И НАЈСОВРЕМЕН РЕФОРМЕР И КАДИЛАК ПИЛАТЕС

Во центарот се применуваат и групни активности – јога, кик фит аеробик, функционален фитнес, пилатес. Кадилак-пилатесот и реформер-пилатесот се изведуваат на најсовремени реформер-машини под надзор на сертифициран тренер. „Навистина сум среќна што за три години успеавме да се претставиме како единствен центар кој применува кадилак и реформер пилатес. Досега имаме постигнато извонредни резултати кај голем број наши клиенти, но најважно од сѐ е што успеавме да им ја пренесеме љубовта кон здравиот начин на живот, редовно вежбање и балансирана исхрана“, објаснува Рената Младеновска, инструктор по реформер и кадилак пилатес.

РОДЕНДЕНСКИ ПРОМОЦИИ, НАГРАДИ И ПОПУСТИ

По повод третиот роденден, спортскиот центар „Премиум“ на социјалните мрежи додели бесплатни полугодишни членарини и промотивни услуги.

Д-р Владимир Аврамовски, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по дигестивна хирургија, е уште еден од најредовните членови во спортскиот центар “Премиум” и во изминатите три години вели дека нема пропуштено ниту еден тренинг.

„Тоа што им го препорачувам на моите пациенти, редовната физичка активност, го применувам и самиот повеќе од 10 години. Професијата доктор, со 30- годишно искуство зад себе, значи ден исполнет со многу обврски и активности. Единственото време што можев да си го посветам за себе беше утрото, па затоа со тренинг почнувам во 6 часот наутро, а по тренингот целосно се посветувам на моите пациенти во амбуланта или интервенциите во операциона сала, зависно што ни е на распоредот тој ден. Би сакал да ги мотивирам и повозрасните, бидејќи спаѓам во групата на 50+, дека никогаш не е доцна да се почне со вежбање. Доколку сакаме квалитетен живот, телото мора да се раздвижува секојдневно со физичка активност. Придобивки има многу, позитивно влијае врз општото здравје, врз расположението, енергијата и психичкото здравје”– споделува д-р Аврамовски, еден од најредовните членови во “Премиум”.

ПОДДРШКА НА БРОЈНИ СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ИНДИВИДУАЛЦИ

Спортскиот центар „Премиум“ нуди максимална поддршка на голем број спортски клубови, репрезентации и индивидуални спортисти. Во рамки на одбележувањето на тригодишнината, капацитетите на спортскиот центар се ставаат на располагање и на двата одбојкарски клубови „Газели волеј“ и „Форца волеј“, а болницата ја официјализираше и соработката со фудбалерите на ФК „Вардар“. Благодарение на успешната соработка со Кошаркарската федерација, трета година по ред продолжува и поддршката на македонските кошаркари и кошаркарки. Превенција на спортски повреди и нивна рехабилитација „Премиум“ овозможува и за кошаркарите на МЗТ Скопје, како и на бројни индивидуални спортисти.

Поврзани вести

Интервју со „Некст тајм“: Се уште со огромна љубов и елан сакаме да докажеме дека во Македонија број еден треба да биде македонското

Urednik

Се огласи Елена Ристеска по нападот во угостителски објект во Скопје (ФОТО)

Radmila Tasevska

Познатата холивудска актерка Денис Ричардс пие чај Good Nature во популарното ријалити-шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“

Radmila Tasevska