СТАНДАРД life
МК Сцена

По светската премиера, „Патување пеш“ доаѓа дома

По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш” [The Walk], денес, 22.08.2024, ќе ја доживее својата премиера дома, пред македонската публика, на затворањето на 15-то издание на Македокс во Куршумли Ан.

Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше 2 години, на територија на повеќе од 10 земји.

По премиерата, вечерта ќе продолжи со концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој со своите виртуозни композиции инспирирани од филмот ќе ја заокружи магичната вечер.

Поврзани вести

🎥„Очи Вселена” на Сара Мејс доби видео запис

Urednik

📸🎥Елена Васова добитник на наградата „Милан Младеновиќ 2025“: Слушнете ја песната „Љубов“

Urednik

Голем успех на македонската кинематографија на 82. Венецијанско биенале.

Urednik