СТАНДАРД life
Храна

Чадена крем супа: Неодолива комбинација од пилешко и зеленчук

Чадената крем супа со целер, моркови и пилешко е вистинско изненадување за непцето. Богатството на зачини му дава длабочина на вкусот, а чаденото пилешко го носи тој посебен, ароматичен допир што ја прави оваа супа незаборавна.

Кремастата текстура совршено се вклопува со крцкавите парчиња леб, што ѝ дава дополнителна димензија. Идеална е како предјадење, но и како лесен оброк сам по себе што загрева и мириса како дома.

Состојки:

* 100 г целер
* 100 г моркови
* 1 црвен кромид
* 2 чешниња лук
* 100 г чадено пилешко
* 2 лажици путер
* 2 лажици маслиново масло
* 1 компир
* 2 лажици сол
* 1 лажичка бибер
* 1 лажичка мешавина од зачини
* 1 чаша павлака за готвење
* Крутони за тост

Подготовка

Во масло и путер, пржете го црвениот кромид, лукот, пушеното пилешко, целерот, морковите и компирите, додадете го супата или водата. Зачинете со сол, црн пипер и додадете ја смесата од зачини. Гответе, а потоа измешајте сè заедно. Додадете ја павлаката за готвење и гответе уште неколку минути. Сервирајте со препечени крутони.

На здравје!

Поврзани вести

Сакате ли „смеш“ бургер? Еве како да го подготвите…

Urednik

Дали знаете како правилно да го исечете сирењето?

Radmila Tasevska

Што има повеќе кофеин – шолја кафе или чај?

Radmila Tasevska