СТАНДАРД life
Храна

Поховани палачинки

Ретко кој не сака палачинки. Освен што брзо се подготвуваат, тие можат да бидат и многу економични.

Доколку не знаете што да направите за ручек или вечера, овој рецепт е идеален.

Состојки (за полнење):

* 900 гр компири
* 1 кромид
* 2 лажици масло
* 1 црвена пиперка
* кромид
* 100 гр тврд кашкавал

За палачинките:

* 3 јајца
* 1 лажичка шеќер
* 500 мл млеко
* 200 гр брашно
* 2 лажици масло

За похување:

* 3 јајца
* 3 лажици брашно
* трошки од леб
* путер

Подготовка:

Компирите сварете ги, па процедете ги и изгмечете. Потоа на малку масло во тавче пропржете ситно сечкан кромид, а кога малку ќе омекне додадете сечкана пиперка. Зачинете со сол и бибер, па измешајте. Покријте и оставете да се готви уште 5-7 минути.

Во пирето се додаваат сечканиот млад кромид и ренданиот кашкавал. Сè добро соединете.

Јајцата се матат со прстофат сол и шеќер, па се прелива млекото. Соединете и додадете брашно, па повторно изматете. На крајот прелијте со масло и соединете.

Пржете ги палачинките.

Ставете го филот врз палачинката и завиткајте во ролни и така правете додека не ја потрошите целата смеса.

Изматете ги јајцата и додадете го брашното, па соединете. Во друг сад ставете презла. Измачкајте ги палачинките во јајца со брашно, па во презла.

Пржете во растопен путер.

На здравје!

Поврзани вести

ЛЕБ ПО РЕЦЕПТ НА СТАР ПЕКАР: Полнет со лук, блитва, моцарела и зачини

Urednik

Направете сами сос од песто: Полесно е отколку што мислите

Urednik

Посен ролат од спанаќ

Urednik