12.8 C
Скопје
30 септември, 2026
СТАНДАРД life
Храна

Колач со праски идеален за летни денови

Кремастиот колач со праски е идеален особено за летните денови, бидејќи е освежителен, а толку е сочен, што се топи во устата.

Кога колачот е на маса, секогаш сакате залак повеќе!

Состојки:

* 3 јајца
* 3 лажици гранулиран шеќер
* 3 лажици масло
* 3 лажици млеко
* 3 лажици брашно
* 1 ванилин шеќер
* 1 прашок за пециво
* излупени и сечкани праски
* 2 пудинзи со слатка павлака
* 600 мл млеко
* 1 шлаг

Подготовка:

Почнете со подготовката на бисквитот – изматете јајца, додадете шеќер и ванила и продолжете со матење. Додадете масло и млеко, прашок за пециво и брашно, продолжете со мешањето.

Истурете ја смесата во калапот и печете 15 минути на 200 степени.

Врелиот бисквит прелијте го со малку млеко, наредете ги праските, а врз нив ставете го претходно сварениот пудинг.

Оставете да се излади, па декорирајте со шлаг.

На здравје!

Поврзани вести

(Видео) Ставете магдонос во вода со сода бикарбона и погледнете го чудото: Трик што мора да го пробате!

Urednik

Лесен и брз за подготовка, посен колач од просо и чиа семе

Radmila Tasevska

Ловорот не е само зачин: Кога ќе видите што прави во комбинација со сода бикарбона, веднаш ќе го ставите во секоја соба

Urednik