СТАНДАРД life
МК Сцена

🎥Yon Idy ја промовираше својата нова песна „Don’t Break It“

Yon Idy, еден од најистакнатите нови гласови на домашната музичка сцена, ја одбележа премиерата на својата нова песна „Don’t Break It” со настап во живо со цел бенд, премиера на видеото и публика составена од артисти, новинари, музички професионалци и пријатели.

Настанот претставуваше симболичен влез во ново поглавје за Yon – откако неодамна потпиша ексклузивен договор со американската издавачка куќа NVAK Collective, со што стана првиот македонски артист кој добил ваков тип на договор со етаблирана американска етикета.

“‘Don’t Break It’ зборува за токсична врска низ која поминав,” изјави Yon пред изведбата. “За чувството на манипулација, беспомошноста, и за моментот кога знаеш дека доаѓа крајот, но сепак молиш срцето да не ти биде скршено целосно.”

Видеото е во режија на Ени Вучидолова, каде директор на фотографија е Роберт Божиновски и Ени Вучидолова, а прв асистент на камера е Марија Алтипармакова; целата продукција и фотографијата се реализирани од Two by Four Production.

Песната настанала во Кочани, во соработка со продуцентот Јордан Манов, а подоцна е финализирана преку првата интернационална соработка на Yon со њујоршкиот автор Armen Paul и ирскиот продуцент со адреса во Лос Анџелес Levi Evans. Резултатот е парче музика што ја носи македонската сензибилност, но звучи глобално, современо и емотивно автентично.

По премиерата, Yon настапи со својот бенд во полно концертно издание, изведувајќи ги најголемите песни од досегашната дискографија – Blood Red, Walk Away, Ghosts, Reflections и други – во нови, моќни аранжмани кои го потврдија неговото уметничко созревање.

Поврзани вести

Македонија 16 години без својот музички ангел Тоше Проески

Radmila Tasevska

Голем успех за „Диџеј Ахмет“ на Унковски – во официјална конкуренција на Санденс!

Urednik

Слушачка промоција на албумот Карла Левински

Urednik