СТАНДАРД life
Храна

Направете здрав џем од јагоди: Потребни ви се само 2 состојки

Доколку сте љубител на џем, важно е да знаете дека не секогаш треба да ги купувате, со оглед на тоа што можете да го направите дома многу брзо.

А доколку имате јагоди во замрзнувачот, ви предлагаме да ги извадите и да направите џем од јагоди со само две состојки.

Состојки:

* 350 гР замрзнати јагоди
* две лажици семе од чиа

Подготовка:

Гответе ги замрзнатите јагоди во тенџере на средна температура додека не омекнат и не станат сочни.

Изгмечете ги со вилушка додека не почнат да личат на компот.

Додадете ги семето од чиа и добро измешајте.

Префрлете ги во херметички затворен сад и ставете ги во фрижидер еден час за да се стегнат.

Поврзани вести

Пудинг од морков: Деликатес од Јужна Азија со вкус на алва

Urednik

Започна сезоната на храната која се нарекува лек за „сто болести“

Radmila Tasevska

Овие шест намирници се добри за срцето, особено ако седите цел ден

Urednik