СТАНДАРД life
Фото: Фејсбук/Елена Ристевска
МК Сцена

Елена Ристевска: Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам

Ах бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина!!! Останаа недоречени многу работи! Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го немав!, сподели на социјалните мрежи пејачата Елена Ристевска.

„Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме!?Со кого сега да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати?!
Од правење друштво во диско дур пушташ музика- до одење на литургија заедно.

Спотови, дуети, турнеи, концерти…Се прејадувавме со бајадери додека се возевме.Се лутевме еден на друг понекогаш како прави брат и сестра. Со жар и возбуда ми ја пушташе секоја нова песна, последно ми пушташе идеи за дует наш со ДНК кој никогаш не го снимивме! :(((

Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе!? Ах,Бате мој, “Како да се радувам јас кога те нема?” До следно видување, таму горе, каде нема вакви неправди и болка“, истакна таа.

Владимир Блажев – Панчо, кој членот на дуото ДНК кој беше сериозно повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, почина вчера по долго лекување во „Систина“.

Панчо извесно време бил во кома, а за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имал тешки изгореници на лицето и на рацете.

Поврзани вести

Големиот настан на Exit во Македонија со светски и регионални ѕвезди воодушеви повеќе од 20.000 фанови

Urednik

📽„Сите светла“ е најновиот музички проект на Лара Иванова во дует со Јосиф Ристовски

Radmila Tasevska

📽Дани со нов сингл – „Ќе ме сакаш ли?“

Radmila Tasevska