СТАНДАРД life
МК Сцена

Премиера на „Диџеј Ахмет“ во Брисел – македонскиот филм ја воодушеви европската публика

Вчеравечер во „Синема галери“ во Брисел се одржа европската премиера на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, режисерското деби на Георги Унковски, настан што го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци,  гости и љубители на седмата уметност.

По проекцијата се одржа панел-дискусија посветена на улогата и значењето на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор.

Премиерата и панел-дискусијата претставуваат уште една потврда за активното присуство на македонската култура на европската сцена и за континуираната заложба за продлабочување на соработката со европските партнери, сподели Министерството за култура по повод настанот.

Според нив, филмот претставува уметничко остварување што достоинствено ја претставува државата на европската сцена и е доказ за зрелоста, креативната храброст и меѓународниот потенцијал на македонската кинематографија.

Поврзани вести

📽„Сите светла“ е најновиот музички проект на Лара Иванова во дует со Јосиф Ристовски

Radmila Tasevska

„Јон Вардар против галаксијата” со награда на фестивал за научна фантастика во Мајами

Urednik

Вчера се снимаше седмата епизода од адреналинското шоу ТРИУМФ

Urednik