СТАНДАРД life
Секс и врски

Овие три работи никогаш не правете ги во кревет, бидејќи ја уништуваат секоја врска!

Сексуална терапевтка со долгогодишно искуство откри три грешки што никогаш не ги прави во врската – а кои, според нејзиното мислење, многу луѓе несвесно ги повторуваат.

Иако не постои универзално правило за успешна врска, постојат модели на однесување што можат значително да ја нарушат блискоста и довербата помеѓу партнерите.

Ванеса, лиценцирана психотерапевтка која повеќе од две децении се занимава со темите за партнерски односи и сексуални терапии, во видео на својот јутјуб-канал зборувала за три вообичаени грешки што ги избегнува целосно.

1. Никогаш не го засрамувајте партнерот

Како што истакнува Ванеса, важно е да избегнувате да го засрамите вашиот партнер ако не сте расположени кога тој предлага секс. Иницирањето интимност може да биде многу ранлив момент, па затоа негативната реакција може да предизвика чувство на срам или отфрлање.

Наместо тоа, психотерапевтката препорачува да бидете искрени и нежни во комуникацијата со партнерот, бидејќи со тоа ја зајакнувате довербата и емоционалната поврзаност.

2. Не го користете сексот како средство за „тестирање“ на партнерот

Ванеса предупредува дека прекинувањето на иницирањето секс за да го „проверите“ вашиот партнер или како начин да му испратите порака никогаш не носи добри резултати.

Сексот не треба да биде игра на моќ, туку искрен израз на блискост, наклонетост и приврзаност. Кога сексот се користи манипулативно, ги отуѓува партнерите и создава тензија во врската.

3. Не глумете оргазам

Иако многумина тоа го прават од различни причини, Ванеса истакнува дека глумењето оргазам долгорочно само ѝ штети на врската. На тој начин, вашиот партнер не може да научи што навистина ви се допаѓа и ви годи, а вие останувате незадоволни и сè повеќе фрустрирани со текот на времето.

Искреноста во интимноста е клучна за меѓусебно задоволство и подлабока поврзаност.

На крајот, терапевтката потсетува дека квалитетната врска се темели на искреност, отворена комуникација и меѓусебно почитување. Без тоа, секоја врска, без разлика колку е страсна на почетокот, со текот на времето може да западне во криза.

 

 

Поврзани вести

Ако го сакате најдобриот секс досега, обидете се со тантрички секс

Urednik

Ако жената почне често да ги прави овие работи, нејзиниот брак е во проблеми

Urednik

Зошто мажите со текот на времето го губат интересот за жената која ја сакаат?

Urednik