Најпознатата лото девојка, водителката Сузана Манчиќ повторно го привлече вниманието на минувачите додека купувала во центарот на Белград. Но, овојпат кога го оставила својот луксузен автомобил на тротоарот во една од најпрометните зони во градот.
Според очевидци, блескавиот џип, кој веднаш привлекол внимание, бил паркиран на место кое било јасно означено како забрането за запирање и паркирање. Иако тротоарот е наменет за пешаци, возилото зафаќало значителен дел од преминот.
„Не можевме да веруваме. Таа само застана, го заклучи автомобилот и влезе во бутикот како сè да е сосема нормално“, навела една минувачка која била на местото на настанот, оставајќи коментар на социјалната мрежа Икс.
„Не е првпат да гледаме вакви ситуации, но сепак, очекуваме јавните личности да ги почитуваат правилата“, додал друг.
Иако се шпекулира дека паркирањето траело повеќе од половина час, општинската служба, според сведоштва, не реагирала, што предизвикало дополнителни коментари меѓу присутните.
„Некој од нас да го направеше ова, казната веќе ќе беше залепена на шофершајбната“, напишал еден корисник на социјалните мрежи кој ги следи настаните поврзани со познати личности, пренесува српски „Курир“.
