СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Видео) Скандал во Франција: На две мисици им се одземени титулите, ги нарекувале другите учеснички со погрдни зборови

Мисиците од два француски региона, Прованса, Жули Зитуни, и Аквитанија, Аинжо Лахитете, останаа без своите титули откако нивното приватно видео излезе на виделина, пишува „Л Монд“.

На социјалните мрежи се појави приватен видеозапис во кој тие упатуваат навредливи коментари кон 12‑те финалистки на изборот за Мис Франција 2026, објавија вчера одборите на двата региона.

Според извештаите, во видеото, двете мисици го навредуваа изборот и велат дека ѝм пречи одредена група кандидатки. Еден од нивните коментари гласи: „lles sont toutes des grosses p …“ што во превод значи – сите се дебели к***и.

Веднаш по реакциите на јавноста, регионалните комитети на Мис Прованса и Мис Аквитанија, со поддршка од организацијата на Мис Франција, донеле заедничка одлука да им ги одземат титулите.

По ваквиот чекор следело и јавно извинување на двете мисици: Џули преку Инстаграм изјавила дека зборовите биле „непристојни“ и дека сфатила дека биле „неприфатливи“, тврдејќи дека во нејзиниот говор тоа требало да значи „среќни/среќнички“ („veinardes“), но дека грешката е нејзина.

Сепак, тоа не било доволно, комисиите оцениле дека нивното однесување е во „тотална спротивност со вредностите што ги застапуваат“.

Поврзани вести

Омилениот инфлуенсер почина од рак на 23 години: Цела Италија тагува по Дамијано

Urednik

📷Ирина Шајк објави провокативна фотографија, фанови разочарани: „Ова е валкано и вулгарно“

Urednik

Кевин Бејкон и Кира Сеџвик прославуваат 35 години брак

Urednik