СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Убавица од Косово стана Мис Финска, но ја загуби титулата поради оваа фотографија

Мис Финска Сара Џафче, по потекло од Косово, остана без титулата поради расизам, објавија организаторите на натпреварот.

Џафче, која ја освои титулата Мис Финска во септември 2025 година, предизвика силни реакции на социјалните мрежи откако објави фотографија на која ги влече очите накосо со прстите, со наслов на фински „kiinalaisenkaa syömäs“ – што отприлика се преведува како: „кога ручаш со Кинез“, пренесува „Коха“.

Ова доведе до обвинувања за расизам и толкување дека Џафче се потсмева на Азијците.

Таа првично рекла дека не ѝ била намера да навреди никого и дека ги правела гестовите со рацете поради главоболка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Организацијата на изборот за Мис Финска објавила дека не прифаќа расизам или дискриминација во која било форма. Од организацијата, исто така, се извиниле за овој „инцидент“ и додале дека ќе ѝ ја одземат титулата.

Како последица на оваа одлука, Тара Лехтонен, која заврши втора во септември, ќе биде новата Мис Финска.

По инцидентот, Сара Џафче организирала прес-конференција на која, меѓу другото, се извинила.

„Многу ми е жал на сите што ги навредив и повредив со моите постапки на социјалните мрежи“, изјави таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Dzafce (@sarahdzafce)

Поврзани вести

Шенон Доерти направила план за својот погреб – Ги откри деталите!

Radmila Tasevska

🎬Камерите снимија незгоден момент помеѓу кралицата Камила и Кејт Мидлтон

Urednik

Том Круз ќе глуми во новиот и последен филм на Тарантино

Radmila Tasevska