Допишувањето денес открива многу повеќе од самите зборови; начинот на кој некој пишува пораки може да го покаже нивото на интерес, вложениот труд и вистинските намери.
Еден краток одговор можеби не значи многу, но кога истите шеми почнуваат да се повторуваат, лесно е да се видат промени во динамиката. Ова е особено јасно кога мажот полека го губи интересот, бидејќи овој пад најчесто прво се забележува преку начинот на кој се допишува, тврдат експертите.
Тие истакнаа неколку пораки кои најчесто укажуваат дека интересот на мажот почнал да се гаси.
„Еј…“ (или само еден збор)
Кратките пораки без содржина честопати покажуваат дека другата личност не вложува вистински труд во комуникацијата. Пораките од еден збор не носат никаква намера ниту енергија и ве оставаат вие да ја завршите целата работа за одржување на разговорот.
Психологот и експерт за однесување Сем Голдштајн вели: „Размислете за луѓето со кои навистина уживате да бидете во друштво. Тоа се оние кои слушаат, поставуваат вистински прашања и на кои навистина им е грижа за одговорите.“
Кога мажот сака да зборува, неговата порака тоа и ќе го покаже.
„К“ или „ОК“
Одговори како „К“ или „ОК“ (во ред) можат да бидат знак за недостаток на љубопитност и ангажман, особено кога другата личност му дала шанса да разговара. Ваквите пораки покажуваат дека ја видел пораката, но не е заинтересиран да продолжи со комуникацијата.
Психологот Џенис Вилхоер објаснува: „Љубопитноста сигнализира интерес, отвореност и емоционална интелигенција – квалитети што создаваат подлабоки врски“. Ако нема љубопитност, тешко е да се изградиповрзаност, односно врска.
„Зафатен сум“
Кога пораката „Зафатен сум“ станува вообичаен одговор, тоа може да биде знак дека тој не ве гледа за приоритет. Секој има зафатени денови, но кога таквиот одговор е правило, а не исклучок, тоа покажува нерамнотежа во напорите.
Експертот Брус Џеј Ли истакнува: „Не е одржливо вие сами долгорочно да го носите поголемиот дел од односот, тоа само значи дека тој не ве гледа како приоритет“. Некој што сака да изгради врска ќе се обиде да ја објасни ситуацијата и да предложи алтернатива.
„Ако сакаш“
Навидум учтива фраза може да биде знак за целосен недостаток на интерес кога постојано се повторува. Кога тој постојано ја препушта одлуката на другата личност, без да предложи нешто или да изрази мислење или став, тоа покажува дека не е вклучен во комуникацијата.
Терапевтот и советник Ден Бејтс наведува: „Покажете вложување и внимание со тоа што ќе иницирате разговори, нежност или заеднички активности“. Ако тој не го прави тоа, често значи дека емоционално се повлекува.
„Ќе ти се јавам кога ќе сакам“
Таквата директна порака открива дека тој ја планира комуникацијата исклучиво според сопствените потреби. Кога некој сака да изгради врска, природно е да се труди да одржува контакт.
Психотерапевтите Линда и Чарли Блум објаснуваат: „Само оние кои одвојуваат доволно време и енергија меѓусебно да се поддржуваат во личниот развој ќе имаат успех“. Ако тој не вложува ништо, врската тешко може да напредува.
„Заборавив да ти одговорам“
Ако ова се случува постојано, тоа обично значи дека тој го изгубил интересот. Повременото заборавање е нормално, но кога е повторувачка шема, создава чувство на занемарување.
Психологот Џефри Бернштајн вели: „Со текот на времето, возбудата и новитетот од новиот однос можат да избледат, а секојдневната рутина може да доведе до самозадоволство.“ Кога тој постојано заборава, тоа јасно покажува дека не се обидува да ја одржи врската жива.
