СТАНДАРД life
Секс и врски

Намирници и навики кои го УБИВААТ вашиот сексуален живот

Верувале или не, постојат намирници и навики кои можат да го уништат вашето либидо без воопшто да знаете за тоа!

Ако правите некоја од овие работи, многу веројатно ќе влијае на вашето либидо!

1. Прекумерна консумација на кашкавал

Кашкавалот може да го намали нивото на тестостерон кој е клучен фактор со тоа што содржи ензим кој го претвора тестостеронот во естроген. Затоа, ако многу сакате кашкавал, обидете се да го намалите дневниот внес бидејќи тоа може да влијае на вашето либидо.

2. Стрес

Стресот влијае на сите и е главниот виновник и предизвикувач на многу болести и состојби. Работите премногу, трпите притисоци и не знаете како да се справите со сите обврски. Сето тоа влијае на вашето ментално здравје, вклучувајќи го и либидото.

3. Не пиете доволно вода

Недостатокот на вода во организмот доведува до главоболки, нервоза и иритација, но и до сувост на вагината. Пијте повеќе вода во текот на денот за да ја подобрите состојбата на вашето тело и да влијаете на вашите хормони.

4. Не спиете доволно

Се чувствувате премногу уморни за секс? Недостатокот на сон е голем виновник, ако сте премногу уморни во текот на денот, тоа дефинитивно влијае на вашето либидо.

5. Пиете лекови

Ако земате антидепресиви, тие можат да влијаат на вашата смиреност, но и да ја намалат желбата за секс. Некои студии покажуваат дека ниту антихистаминиците не делуваат подобро.

6. Вие сте пушач

Цигарите лошо делуваат на крвните садови, предизвикуваат атеросклероза, па затоа влијае и на снабдувањето со крв во вагината.

Поврзани вести

Ја барате љубовта на вашиот живот? Почнете да ја привлекувате денес со овој моќен метод!

Urednik

Кои сексуални односи треба строго да се избегнуваат?

Urednik

7 фрази кои откриваат токсичен сопруг

Urednik