СТАНДАРД life
Секс и врски

3 сурови вистини за мажите кои треба да ги знае секоја жена

Откако ќе ги разберете овие 3 вистини, нема повеќе разочарување.

Ви пренесуваме 3 вистини за мажите според психологот Викторија Кристи.

Еве за што се работи:

1. Ако сте во врска со години, а тој не предлага брак – вашата врска нема иднина

Со години сте во врска и тој никогаш нема да зборува за вас како пар. Штом ја започнете темата за заедничка иднина, тој го менува текот на разговорот. Да, веројатно му се допаѓате, но не доволно за да ве ожени. Тој е во врска со вас додека не дојде вистинската. Разберете го ова и продолжете понатаму.

2. Ако навистина му се допаѓате, ќе се погрижи да го видите тоа

Ако не ви се јави долго време или не ви даде до знаење дека треба да се видите – не ве сака, не му се допаѓате. И најсрамежливиот маж ќе направи чекор напред, ќе направи се за да знаеш дека му се допаѓаш, да те задоволи на некој начин, да те освои, да те „резервира“ за себе… Ако не направи ниту еден чекор во тој правец – едноставно не му се допаѓате.

3. Ако ти каже „не сакам сериозна врска во моментов“ значи „не сака врска со тебе“

Ако мажот не е заинтересиран за врска во моментов затоа што „има криза во земјата“, затоа што „премногу е млад“, затоа што „не завршил факултет“, затоа што „не нашол работа“ – тоа значи дека тој едноставно не е подготвен да преземе одговорност. Тажно е и болно да го сфатите тоа, но ако ве сакаше ќе беше подготвен на се и покрај се – толку е едноставно.

Уште некои сурови вистини за мажите:

* Ако ве навреди – тоа не е неговиот карактер, тоа значи дека не ве почитува.

* Ако ве обвинува за се, ве прекорува за секоја ситница, тоа не значи дека бара премногу – тоа значи дека не ве прифаќа такви какви што сте.

* Ако не ви дава комплименти и никогаш не ви подарува цвеќе, тоа не значи дека е приземна личност, туку дека не сте му толку важни или вредни за да потроши малку пари на вас или емоции.

* Дури и многу скржав човек ќе упати неколку убави зборови, бидејќи комплиментот не чини ништо.

* Ако му се допаѓате на мажот, тој ќе се погрижи да го разберете тоа и нема да треба да ги толкувате и оправдувате неговите постапки

Поврзани вести

Зошто мажите со текот на времето го губат интересот за жената која ја сакаат?

Urednik

Дали треба да се венчате поради љубов или поради финансиска сигурност?

Urednik

Наутро, попладне или навечер, кој период од денот е најдобар за секс?

Radmila Tasevska