СТАНДАРД life
Секс и врски

Зошто не треба да ја споредувате вашата врска со другите?

Со постојаната достапност на социјалните мрежи, тешко е да не се навлечеме на животите на другите луѓе (или барем она што тие го прикажуваат), без разлика дали ни се блиски или не. Тоа особено важи во поглед на врските и иако знаеме дека не е здраво да се споредува сопствениот живот со животите на другите, сепак го правиме тоа. Кога ја споредуваме врската, тогаш ја инволвираме и другата личност во ова токсично однесување.

Кога ги гледаме тие (совршени) слики за туѓите животи, стануваме незадоволни од тоа што се случува со нашиот, ни се создава чувство дека ова што го имаме не е доволно или не е доволно добро. Ова се пет начини на кој ваквото споредување лошо се одразува на вашата врска и зошто треба да прекинете да го правите тоа на себе си и на вашите партнери.

Презир

Со тек на време, може да почнете да чувствувате презир кон вашиот партнер само поради објавите што ги гледате на социјалните мрежи, иако се тие нерелевантни за вашата врска. Вие се лутите бидејќи партнерот ги прави тие работи, а дали сте помислиле дали ги правите и вие и дали сте му кажале дека тоа е она што вие го сакате?

„Здраво за готово“

На социјалните мрежи најчесто се прикажува само она доброто или во подобро светло отколку што навистина е. Никој не може да знае како некој стигнал до таму и колку е вистински или траен крајниот резултат. Тоа чувство дека „тревата е позелена во туѓиот двор“ само расте со опсесивното следење на туѓите животи и ве оддалечува од уживањето во она што го имате и вие знаете дека е вистинско, иако не го споделувате со целиот свет.

„Нереални очекувања“

Не постои совршен партнер. На туѓите профили го гледате „најдоброто од“ нечиј живот, односно нечиј партнер. А вашиот партнер ќе почне да ви се чини недоволно добар, иако во суштина тој и не се разликува многу од тоа што вие го барате од него или од она што првично ве привлекло кај него. Пред да имате какви било очекувања, прашајте се колку вие сте „идеалниот“ партнер.

„Незадоволство без причина“

Сите овие проблематични однесувања се преплетуваат и наликуваат едни на други. Појавата на незадоволство е тесно поврзана со претходните три – ви недостига нешто што не сте ни сигурни дека воопшто сте го сакале. Тоа го „истурате“ на партнерот на кого таквата реакција му е „гром од ведро небо“. Таквото негово однесување дополнително ве прави незадоволни и се вртите во маѓепсан круг што самите сте го создале од ништо.

„Нарушување на комуникацијата“

Ако овие погоре наведени однесувања зачестат, тоа може да резултира со намалена или нарушена комуникација со партнерот бидејќи вие постојано сте му лути, а тој не знае што згрешил (воопшто не згрешил, ако не сте покажале што ви е потребно). Овие споредби многу ретко помагаат да погледнеме кон себе и да се подобриме, а многу почесто само создаваат фиктивни дијалози во кои се расправаме, а партнерот е исклучен од таа „комуникација“.

Поврзани вести

Најголемите машки стравови во љубовта

Radmila Tasevska

Од садизам до играње улоги: ова се 10-те најпопуларни фетиши

Urednik

5 суптилни разлики помеѓу вистинската љубов и токсичната врска

Urednik