СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин /Инстаграм
Шоубиз

Поранешното момче на Емина Јаховиќ обвинето за продажба на дрога? Турскиот милијардер приведен во Истанбул

Турскиот милијардер и поранешен партнер на пејачката Емина Јаховиќ, Садетин Саран, неодамна беше приведен поради сомнение за вмешаност во производство и трговија со наркотични средства. Веста брзо ги наполни турските и регионалните медиуми, со оглед на неговата деловна моќ и јавна експонираност.

Саран, еден од најистакнатите турски бизнисмени и претседател на Фенербахче, дал исказ во рамки на истрага што ја водат турските обвинители. Постапката во обвинителството при судот во Истанбул траела околу два и пол часа, по што бил упатен во Форензичкиот институт за да даде примероци од крв и коса. Тој се соочува со обвиненија за користење дрога, набавка на дрога и олеснување на нејзината употреба.

Би-би-си дојде до негова изјава во која тој категорично ги отфрла обвинувањата.

Никако не можам да бидам поврзан со нешто такво“, изјавил Саран, нагласувајќи дека станува збор за неосновани наводи.

По завршувањето на процедурите, тој повторно бил изведен пред обвинителството и пуштен на слобода со мерка забрана за патување во странство, додека истрагата продолжува. Во рамки на случајот бил извршен и претрес на неговата резиденција.

Инаку, краткотрајната романса меѓу Емина и Саран во 2018 година беше честа тема во медиумите, а по раскинот нејзиниот ПР-тим соопшти дека двајцата одлучиле секој да продолжи по свој пат поради различни погледи кон иднината.

Поврзани вести

Се бори со алопеција, но не се срами од ќелавоста: Џејда сега откри дека косата и пораснала

Urednik

(Фото) Сите зачудено гледале во неа, не личи на себе: Што се случило со лицето на Шерон Стоун?

Urednik

„Срам да ти е!“: „Испливаа“ интересни работи на судењето на Роберт де Ниро и неговата поранешна помошничка

Urednik