СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин/Инстаграм
МК Сцена

(Видео) Александра Шијакоска е бремена: Инфлуенсерката и сопругот го открија полот на бебето

Македонската инфлуенсерка и модна блогерка Александра Шијакоска објави дека таа и нејзиниот сопруг Едмонд Весели ќе станат родители по вторпат.

Неколку дена подоцна, тие одлучија јавно да го откријат полот на второто бебе што го очекуваат. Со емотивна објава Александра откри дека чекаат уште едно синче.

Во видеото на нејзиниот инстаграм-профил среќниот пар заедно со двегодишниот син Риан со чаши отсекоа дел од тортата, во која се криеше фил во бојата на полот на бебето. Кога ја видоа сината боја на филот, парот се прегрна.

– Нека започне хаосот… на најдобар начин – напиша инфлуенсерката покрај објавата.

Поврзани вести

Интервју со др.Пеев: Жените повеќе се заинтересирани за естетска хирургија, но се повеќе мажи доаѓаат за разубавување

Urednik

Матеј Џајковски (BigSlav) е номиниран за најпрестижната музичка награда Греми

Urednik

Урбан ФМ – Радиото што „зрачи македонски“ започнува нова сезона со свежи идеи

Urednik