СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Здравко Чолиќ првпат се огласи откако беше фрлена бомба врз неговата куќа

Пејачот Здравко Чолиќ се огласи за првпат откако експлозивна направа – бомба, беше фрлена врз неговата куќа во Белград околу пет часот утрово, како што објавија српските медиуми.

Дежурниот јавен обвинител пристигна на местото на настанот веднаш по пријавата и заедно со полицијата ги утврдува сите околности на инцидентот.

Чола откри во интервју за „Уна.рс“ дека во моментов е надвор од Србија, поточно во Загреб, каде што ги завршува последните песни за својот нов албум.

„Сè е во ред во Белград, му благодарам на Господ што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во медиумските текстови се протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на работите. Верувам дека е важно информациите да се презентираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, рече Чолиќ.

Се сомнева дека непознато лице фрлило рачна граната во дворот на семејната куќа, додека мотивот за нападот сè уште не е познат.

Поврзани вести

Некој го хакирал X профилот на Метју Пери

Radmila Tasevska

Хари и Меган фрустрирани откако протекоа детали од тајната „мировна средба“

Urednik

Бела Хадид за конфликтот меѓу Израел и Хамас: „Добивав стотици смртни закани секој ден“

Radmila Tasevska