23.8 C
Скопје
28 септември, 2026
СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
МК Сцена

(Видео) Еве зошто сите ги сакаат: Дац и Александар им запеаја на вработените во кујна во ресторанот во кој настапуваа

Познатото музичко дуо Драган Спасов Дац и Александар Митевски пред неколку дена настапуваа заедно со Маја Гроздановска Панчева во ресторанот „Моклиште“ во околината на Кавадарци.

Притоа, Дац и Александар со еден посебен и искрен момент уште еднаш докажаа дека се посебни.

Додека настапуваа пред гостите во ресторанот, тие влегоа директно во кујната и им запеаја на вработените.

Овој спонтан и полн со почит гест на Дац и Александар ги воодушеви обожавателите на оваа музичко дуо.

Видео од овој прекрасен момент објавија на Инстаграм.

„Кога тие се на смена и имаат работа, ние доаѓаме кај нив да им ја исполниме музичката желба. Поздрав до кујната и целиот колектив на убавото Моклиште, Кавадарци. Љубовта се множи кога се дели. Ваши, Дац и Александар“, напишаа Дац и Александар во описот на видеото, испраќајќи поздрави до кујната и целиот колектив на ресторанот „Моклиште“.

Спонтани и срдечни какви што се, Дац и Александар им приредија вечер за паметење.

Поврзани вести

Интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“

Urednik

(Фото) Торта со ангелски крилја и свеќички со број 45: Сестрата на Тоше го одбележа неговиот роденден

Urednik

СЛАТКАР со КОНЦЕРТ во СКОПЈЕ!

Radmila Tasevska