СТАНДАРД life
Балкан микс

📸Александра Пријовиќ покажа голем труднички стомак

Александра Пријовиќ ги изненади своите обожаватели со нова објава на социјалните мрежи.

Српската пејачка ретко објавува на Инстаграм, а сега објави фотографија на која позира во цветен фустан, истакнувајќи го својот голем труднички стомак.

Заедно со објавата, таа стави песочен часовник што го симболизира одбројувањето до породувањето.

Александра и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ очекуваат девојче, а парот од претходно го има и синот Александар, кој неколку пати се појавуваше со мајка си на сцената.

Српските медиуми претходно пишуваа дека пејачката ќе ја помине бременоста во Мајами.

Во јануари беше објавено дека Александра е бремена, по што таа најави пауза во кариерата. Претходно, таа истакна дека сака да го прошири своето семејство, а нејзина голема желба е да има ќерка.

„Најважно за мене е моето семејство секогаш да биде добро. Би сакала, ако не следната година, бидејќи сега работиме многу, да имам ќерка“, рече Александра во едно интервју.

Поврзани вести

Шербеџија за Лаушевиќ: „Беше југословенскиот Џејмс Дин“

Urednik

📷„Достојна за Холивуд“: Северина ги воодушеви сите со гламурозното издание, комплиментите само продолжуваат

Urednik

С.А.Р.С. за прв пат настапува во Лондон

Urednik