Популарната хрватска пејачка, по успешната летна сезона, одлучи да отпатува на Сицилија.
Северина моментално ужива на југот на Италија, а на социјалните мрежи сподели прекрасни фотографии.
Пејачката објави неколку фотографии од плажа, кои ги воодушевија нејзините следбеници.
Да потсетиме, Северина неодамна презентираше повеќе од 1,2 милиони потписи собрани низ цела Европа во Брисел, заедно со активисти од иницијативата „Мојот глас, мојот избор“, како дел од кампањата за обезбедување достапен и безбеден абортус за сите жени во земјите-членки на Европската Унија.