Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ неодамна се разведе од екс фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, но јавноста сè уште не престанува да зборува за нив.
Откако фотографиите од Швајнштајгер и неговата нова партнерка, Бугарката Силва Капитанова, се појавија неколку пати на социјалните мрежи, Ана Ивановиќ ги избриша сите фотографии од неа и нејзиниот поранешен сопруг од Инстаграм.
Судејќи според најновите фотографии што Ивановиќ ги објави на социјалните мрежи, се чини дека поранешната тенисерка го преболела разводот.
Таа моментално е на одмор со нејзината најдобра пријателка Мирослава Најдановски, поранешна национална шампионка во пливање. Двете моментално се во Шпанија, каде што присуствуваат на свадбата на геј парот Стефан Релиќ и Пол Валчиќ.
Поранешната тенисерка избра елегантен розов фустан и високи потпетици, а на фотографиите што ги објави, навистина изгледа како да ужива.