СТАНДАРД life
Балкан микс

Ана Николиќ жестоко го нападна Раста: „Тој е манипулатор кој беше во затвор поради дрога“

Популарната пејачка бурно реагираше на изјавата на нејзиниот поранешен сопруг за медиумите.

Стефан Ѓуриќ, попознат како Раста, неодамна во интервју за медиумите проговори за својата поранешна сопруга Ана Николиќ.

По тој повод, Раста откри зошто Ана не се појавила во филмот снимен за неговиот живот наречен „3211“, а потоа зборувајќи за кризата низ која поминува пејачката, за која често се пишува во медиумите, истакна дека тој со задоволство би и помогнал.

Меѓутоа, на Ана Николиќ очигледно не и се допаднале неговите изјави, па на својот Инстаграм профил енергично го нападна поранешниот сопруг.

„Би му рекла на Растарлети: „Откачи се“. Не можеш да го користиш мојот лик и работа во филмот. Прво, затоа што не си Форд Франсис Копола, второ, од принцип. Поздрав до сите кои го поддржуваат овој манипулатор кој поради дрога беше во ЦЗ. Срам да ти е бре, ти да ми помогнеш? Помогни си себеси, ретардо! Ајде, одј*еби. Веќе не давам бесплатни совети и не можеш да заработиш пари од моето име. Мрш“, рече Ана Расти и додаде:

„П.С. Како прво, Вања П*чко лично врати ми ги стотиците илјади долари, но со тоа се занимаваат адвокатите, а најдоброто нешто за Растарлети е да се приклучи на Елитата, тоа му го препорачувам од се срце“.

Поврзани вести

Милош Биковиќ во Берово, има време и за фотографии со фанови

Urednik

На интернет кружи 📽 од првиот настап на Розга: Еве како изгледала кога имала 17 години!

Urednik

Јелена Карлеуша објави листа на блокирани профили на Инстаграм

Radmila Tasevska