СТАНДАРД life
Фото: Инстаграм
Балкан микс

Емина Јаховиќ за Мустафа Сандал: Се разведовме на толку чуден начин

Регионалната музичка ѕвезда Емина Јаховиќ отворено проговори за разводот од Мустафа Сандал, со кого беше во брак 10 години.

Таа рече дека можела да остане во брак и да се однесува како да не е во брак.

„Мислам дека жените кои сега се во брак ни завидуваат нам кои сега сме слободни, а ние кои сме слободни може да им завидуваме на оние жени кои се во брак. Ми се чини дека луѓето во Турција се разведуваат многу повеќе отколку тука“, рече таа, пренесува Blic.rs.

Разводот на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал не беше бурен. Пејачката го опиша вака: „Јас и мојот поранешен сопруг се разведовме на толку чуден начин… Одеднаш куќата која беше полна со топлина стана сива.“

И покрај ова, таа не престана да верува во љубовта. Не се откажа од можноста повторно да стапне на луд камен некогаш во иднина.

„Ако најдам некој што навистина вреди, би се омажила повторно, зошто да не. Го сакам бракот, го сакам тој сојуз ако во него може да се постигне тој мир и убавина“, рекла таа.

Двајцата беа во брак од 2008 до 2018 година.

Поврзани вести

Лукас: Големо извинување до сите што дојдоа на концертот, но јас не се појавив

Radmila Tasevska

📸 Марија Шерифовиќ доби бебе: Пејачката ги објави првите слики со детето, па ги откри полот и името

Radmila Tasevska

„Не можев да и дадам чевли затоа што не оди, ниту книга – затоа што не гледа“: Болната вистина зад стиховите на една од најтажните песни на Дино Мерлин (ВИДЕО)

Radmila Tasevska