СТАНДАРД life
Балкан микс

Ѓоковиќ заработува милиони, а вечера за 16 евра

Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ ужива на годишниот одмор.

Откако ја посети Хрватска, замина во Црна Гора, а со секој негов потег луѓето се воодушевуваат, особено поради неговата скромност.

Имено, тој вечерал во ресторан таму и за оброкот платил 16 евра, за ова сведочи една од вработените за српски „Блиц“.

– Ноле веќе некое време е во Портонова, а годинава дојде по втор пат. Нашиот ресторан е еден од најскромните на оваа локација. Новак побара целосен оброк со пијалок за 16 евра, сите беа изненадени. Дојде таму без помпа како сите други… Дојде, вечераше, остави добар бакшиш, се сликаше со сите, воопшто не се однесуваше како ѕвезда! – тврди работникот во ресторанот.

Само да потсетиме, додека Кристијано Роналдо одмараше во Дубровник на вечери со пријателите, оставаше и до 2.000 евра по вечера.

Поврзани вести

📹Нов сингл и видео: „Ван Гог” ја претстави песната „Луд и сам”

Urednik

📷Бадриќ објави ретка фотографија со мајката Мила: „Пред сè – мама“

Urednik

Војаж ужива во новата љубов: Објави романтична фотографија со својата девојка (ФОТО)

Radmila Tasevska