СТАНДАРД life
Балкан микс

Концертот на Бајага откажан во Солин, организаторите имале притисоци?

Концертот на Момчило Бајагиќ – Бајага е откажан во Солин, Хрватска.

„Ве известуваме дека концертот на Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во рамките на овогодинешниот Кава Фест во петок, 22 август 2025 година, е откажан поради безбедносни и технички причини“, објавија организаторите на фестивалот, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето.

Сепак, „Далматински портал“ дознава дека причините биле од поинаква природа.

Тие пишуваат дека организаторите наводно со недели биле изложени на притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност. На крајот, притисоците си го направиле своето и концертот беше откажан.

Ве потсетуваме дека концертот на Момчило Бајагиќ Бајага беше откажан и во Сисак, каде што требаше да настапи на почетокот на јуни. Ова се случи откако владејачката ХДЗ дојде на власт во тој град.

Поврзани вести

(ВИДЕО)„Лејди Гага од Али Експрес“: Фановите разочарани од новиот спот и песна на Карлеуша

Urednik

На интернет кружи 📽 од првиот настап на Розга: Еве како изгледала кога имала 17 години!

Urednik

Цеца проговори за свадбата на Анастасија и Гудељ!

Urednik