СТАНДАРД life
Балкан микс

ВЕЧНА ДЕВОЈКА Летно „зелено“ издание на Сања Долежал: Следбениците и велат дека засекогаш ќе остане млада

Легендарната пејачка и водителка, Сања Долежал на Инстаграм покажа како ги полни батериите во природа. „Зелено, те сакам зелено. Зелен ветер, зелени гранки“, ја опиша таа фотографијата.

Таа го вклопи во околината и нејзиниот зелен фустан со голи рамена, пуштена коса и весела насмевка. Таа позираше без шминка на лицето, а слична фотографија објави и пред два месеци.

И овој пат таа доби еден куп комплименти за својот изглед. „Убава Сања, засекогаш ќе останеш млада“, „Сања зелена ти одговара исто како и околината на реката каде што се одмараш“, „Сања една и единствена вечна“, порачаа нејзините фанови.

Пејачката заслужено го носи ласкавиот прекар на „вечна девојка“, тешко е да се поверува дека во мај наполни 60 години.

Поврзани вести

Ретки фотографии од Ивана Кнол во танга без филтри

Urednik

Искршен локалот на Миа Борисављевиќ

Radmila Tasevska

Стјепан Хаузер фрлаше испотени крпи во публиката: „Ова е непочитување на жените“

Radmila Tasevska