СТАНДАРД life
Балкан микс

ПРЕСКАП СТАЈЛИНГ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ: 130.000 евра накит, 1.000 евра сандали, злато и дијаманти НАСЕКАДЕ

Александра е позната како личност која навистина сака да инвестира во својот изглед, а во гардеробата има парчиња од најлуксузните брендови.

Таа неодамна најави два големи концерти во Белград, а по тој повод сега организираше и прес-конференција.

Пејачката на средбата со медиумите се појавила со накит од дури 130.000 евра и сандали од 1.000 евра.

Пејачката донесе неколку парчиња од најпознатата куќа за накит „Картија“, и тоа: златно ланче и обетки чија цена е 5.450 евра, односно 4.750 евра од колекцијата „лав“, како и две алки од злато и дијаманти од колекцијата „juste un clou“ за 14.400 и 5.450 евра. Покрај тоа, таа донела и дијамантска нараквица и прстен, за кои упатените тврдат дека вреди неверојатни 100.000 евра. Кога сето ова ќе се собере се доаѓа до бројка од дури 130.000 евра.

Александра носеше и бели сандали со златни детали кои чинат 1.000 евра.

Инаку, Александра беше многу емотивна на конференцијата, а зборуваше и за тоа колку нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ја поддржува во животот.

– Заедно сме седум години, тој цело време беше покрај мене, тој ми е најголем поддржувач, направи се за да дојде овде. Во сите тие години два пати го видов како плаче од среќа, вториот пат сега по овој албум и закажувањето на втората Арена. Имав среќа бидејќи имав поддршка од семејството, останав иста, ништо не ме трогна. Ми беше многу важно што Филип беше со мене од првиот момент, имав хит пред него, но откако дојде, се што сум денес е најмногу негова заслуга, ова го гледам како наш успех. Многу сум горда на него – изјави Александра која неколкупати се расплака за време на прес-конференцијата и додаде:

– Кога слушам што може да напише, се шокирам бидејќи не можам да поверувам колку е талентиран. Можам да кажам дека секако е еден од нашите најдобри композитори, нема да бидам скромна кога е он во прашање бидејќи навистина го докажа тоа.

Поврзани вести

Ѓорѓе Давид, официјално, ја напушти Македонија

Radmila Tasevska

Александра Младеновиќ ужива во скапо одморалиште: Го покажа своето неверојатно тело (ФОТО)

Radmila Tasevska

Марија Шерифовиќ: „Мајка ми повеќе нема да пее“

Radmila Tasevska