СТАНДАРД life
Здравје

3 најефикасни диети за слабеење: Со нив лесно ќе го изгубите вишокот килограми!

Диетите се тешки, но доколку се избере безбедна диета и ако вложите малку труд и волја, резултатите ќе бидат многу видливи, но без исцрпување на телото.

Овие три диети се најефективни за слабеење, според US News & World Report:

Медитеранска диета

Оваа диета вклучува јадење храна која се користи во 21 земја што граничат со Средоземното Море. Исхраната се заснова на големо количество овошје, зеленчук, јаткасти плодови, мешунки, живина и висококвалитетни растителни масла. Рибата и морските плодови треба да бидат на менито двапати неделно, црвеното месо ретко, а живината и јајцата во умерени количини. За добра дисциплина, можете да се почестите и со чаша црвено вино. Освен што во оваа диета има малку штетна и масна храна, таа лесно може да се прилагоди на вегетаријанците, веганите и луѓето кои се нетолерантни на глутен.

DASH диета

DASH е акроним за Диететски пристапи за запирање на хипертензијата. Ваквата диета го намалува крвниот притисок и помага во ефикасно слабеење. Диетата е слична на медитеранската диета, но е поконкретна во однос на бројот на порции одредени намирници, каде не се откажувате од ништо. Во оваа диета важно е внесот на сол да се сведе на минимум. Од друга страна, треба да консумирате овошје, зеленчук, храна од цели зрна, млечни производи со малку маснотии, храна со висока содржина на магнезиум, калиум, калциум и растителни влакна.

Флекситарната диета

Меѓу 3-те најефикасни диети за слабеење е овој тип на полувегетаријанска исхрана. Во исхраната речиси и да нема месо, но повремено можете да јадете плескавица без грижа на совест. Оваа диета вклучува претежно растителна исхрана, која ќе го намали ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и рак. Меѓутоа, ваквата диета подразбира и начин на живот. Протеините од месото се заменуваат со протеини во мешунките и јајцата. Потребно е постепено да се намалува количината на месо во исхраната за да не се шокира телото. И секако, целосно ви е дозволено да користите зачини.

Значи, ако барате најефективна диета за слабеење, тогаш време е да ги земете предвид овие три типа на исхрана.

Секоја од овие три диети е здрава, па не мора да се грижите за тоа, а наскоро нема да се грижите ниту за килограмите.

Поврзани вести

„Некорисен“ орган кој лекарите често го отстрануваат може да се бори против ракот

Urednik

Нутриционистка тврди дека не треба да јадеме после 20 часот, еве зошто

Radmila Tasevska

Ова овошје треба сите да го јадеме почесто, одлично влијае на целокупното здравје

Radmila Tasevska