СТАНДАРД life
Балкан микс

Самарџиќ проговори за болеста на тироидната жлезда

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ за болеста на тироидната жлезда дознал сосема случајно, кога по наговор на својот кум отишол на лекар за да провери зошто чувствува постојана слабост.

Тој е, како што вели во интервју за српски медиум, благодарен на Бога затоа што навреме дознал против што морал да се бори, а против што веќе се борел.

– Во тоа време работев многу и речиси и не внимавав на моето здравје. Повремената слабост и другите симптоми ги припишував на замор. Како и да е, на кафе, по предлог на мојот кум отидов кај неговиот пријател, врвен доктор од Бјелица, а резултатите од анализата покажаа дека овој досаден „Јапонец“ е виновен за мојата состојба. Сега сум супер! Тироидната жлезда е како модерна чума и многу луѓе се соочуваат со овој проблем. Но со одредена терапија сето тоа многу лесно и успешно се држи под контрола. Барем така беше во мојот случај, посочи популарниот пејач.

Поврзани вести

Вака изгледала Северина пред точно 30 години (ФОТО)

Radmila Tasevska

Мистеријата со хитот на Жељко Јоксимовиќ: Луѓето бараат од пејачот да им ги реши сомнежите за текстот на неговата позната песна (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Скандал на карневалот во Лесковац: Родителите ги донесоа своите деца на културно-уметничка вечер, а добија СТРИПТИЗ ТАНЦ

Radmila Tasevska